
Основни информации
41
Поврзување со мрежа Wi-Fi
Поврзете го уредот со мрежа Wi-Fi за да користите Интернет или да споделувате медиумски
фајлови со други уреди. (стр. 108)
Вклучување и исклучување Wi-Fi
Отворете го панелот за известување и потоа допрете
Wi-Fi
за вклучување или исклучување.
•
Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба
во сите европски држави. WLAN може се користи во ЕУ без ограничувања за
затворени простории, но не може да се користи на отворен простор.
•
Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го
користите.
Приклучување на мрежи Wi-Fi
На екранот со апликации, допрете
Нагодувања
→
Конекции
→
Wi-Fi
и потоа повлечете го
копчето
Wi-Fi
надесно.
Изберете мрежа од списокот пронајдени мрежи Wi-Fi, внесете лозинка ако е потребно, и
потоа допрете
Поврзи
. Мрежите за кои е неопходна лозинка се прикажуваат со заклучена
икона. Откако уредот ќе се поврзе на мрежа Wi-Fi, уредот автоматски ќе се поврзува на
истата секогаш кога е достапна.
Додавање Wi-Fi мрежи
Ако посакуваната мрежа не се појави во списокот со мрежи, допрете
Додај мрежа Wi-Fi
на дното од списокот со мрежи. Внесете го името на мрежата во
Мрежен SSID
, изберете го
типот на безбедност и внесете ја лозинката доколку мрежата не е отворена, и потоа допрете
Поврзи
.
Активирање на Wi-Fi CERTIFIED Passpoint
Со Passpoint, уредот автоматски ги бара достапните Wi-Fi мрежи и се поврзува на една од
нив. Ако одите на друго место тој ќе се поврзе на друга достапна Wi-Fi мрежа без да Ви треба
лозинка.
На екранот со апликации, допрете на
Нагодувања
→
Конекции
→
Wi-Fi
→
→
Дополнително
и потоа штиклирајте го
Passpoint
.
Komentáře k této Příručce