
Почнуваме
16
Заклучување и отклучување на уредот
Кога не е во употреба, заклучете го уредот за да спречите несакани операции. Со
притискање на копчето за вклучување/ресетирање/исклучување се исклучува екранот
и уредот се става во заклучен режим. Уредот се заклучува автоматски ако не се користи
одреден период.
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување или матичното
копче кога екранот е исклучен, допрете каде било на екранот и потоа благо поминете со
прстот во која било насока.
Прилагодување на јачината на тонот
Притиснете го копчето за гласност нагоре или надолу за да ја нагодите гласноста при
пуштање музика или видео-записи.
Префрлување во тивок режим
Користете еден од следниве методи:
•
Држете го притиснато копчето за јачина на звук надолу додека не се префрли во тивок
режим.
•
Држете го притиснато копчето за вклучување/ресетирање/исклучување и потоа допрете
Исклучи звук
или
Вибрации
.
•
Отворете го панелот за известување на горниот дел од екранот и потоа допрете
Звук
или
Вибрации
.
Komentáře k této Příručce