
Додаток
131
Вадење на батеријата
•
За да ја извадите батеријата, мора да одите во овластен сервисен центар со добиените
упатства.
•
За Bаша безбедност, не смеете да се обидувате да ја извадите батеријата. Доколку
батеријата не се извади правилно, тоа може да доведе до оштетување на батеријата
и уредот, да предизвика повреда на лице и/или да доведе до тоа уредот да не биде
безбеден.
•
Samsung не презема одговорност за каква било штета или загуба (без оглед дали е
според договор или неизвршување обврски, вклучувајќи невнимание) што може да
настане поради непочитување на овие предупредувања и упатства, освен за смрт или
повреда на лице предизвикана од невнимание на Samsung.
1
Извадете ја мемориската картичка и S Pen од уредот.
2
Вметнете ја алатката за отворање на уредот во процепот меѓу екранот на уредот и
капакот за батерија.
Потоа, почнете да го одделувате екранот од капакот за батерија со користење на
алатката за да ги разделите.
3
Продолжете да ја вметнувате алатката и да ги раздвојувате екранот и капакот за батерија
на мали растојанија околу уредот.
4
Кога екранот ќе се ослободи, одделете ги екранот и капакот за батерија.
Потоа ставете го капакот за батерија настрана и поставете го екранот завртен надолу на
рамна работна површина.
5
Одвртете ги и извадете ги шрафовите.
6
Исклучете го конекторот за батеријата.
7
Отстранете ја батеријата.
Komentáře k této Příručce