
Опции
115
•
Прилагодување бои
: Прилагодете ја шемата со боите за екранот ако уредот утврди
дека сте далтонист или имате потешкотии при читање на содржината.
•
Потсетник за известување
: Активирајте или деактивирајте звуци на бипкање за нови
известувања.
•
Кратенка за пристапност
: Поставете го уредот да активира Talkback кога ќе притиснете
и ќе го задржите копчето за вклучување/исклучување и потоа ќе допрете и ќе го
задржите екранот со два прста.
•
Опции за текст во говор
:
–
Пожелен TTS погон
: Изберете погон за синтеза на говор. За промена на опциите за
погоните за синтеза на говор, допрете .
–
Брзина на говор
: Изберете брзина за функцијата текст во говор.
–
Слушни пример
: Слушајте го изговорениот текст за пример.
–
Сост. на основниот јазик
: Преглед на статусот на вообичаениот јазик во врска со
одликата Текст во говор.
•
Баланс на звукот
: Прилагодете го балансот на звукот кога користите двојни слушалки.
•
Моно-аудио
: Активирајте моно-звук кога слушате со една слушалка.
•
Исклучи ги сите звуци
: Ги исклучува сите звуци на уредот.
•
Титли Google (CC)
: Го поставува уредот да ги покажува титловите на содржините
поддржани од Google и да ги менува поставките за титлите.
•
Титли Samsung (CC)
: Го поставува уредот да ги покажува титловите на содржините
поддржани од Samsung и да ги менува поставките за титлите.
•
Мени за помошник
: Поставете го уредот да покажува икона за помошна кратенка што
може да Ви помогне да пристапите до функции коишто се поддржуваат со екстерни
копчиња или одлики на панелот за известувања. Исто така, можете да го изменувате
менито на иконата на кратенката.
•
Одложување на допри и држи
: Поставете го времето на препознавање при допирање
и задржување на екранот.
•
Контрола на интеракција
: Го активира режимот на интерактивна контрола за да ја
ограничи реакцијата на уредот на внесови во некоја апликација.
Режим за блокирање
Изберете кои известувања да бидат блокирани и колку долго.
Komentáře k této Příručce