
Почнуваме
14
Намалување на потрошувачката на батеријата
Вашиот уред нуди опции што можат да Ви помогнат да ја заштедите енергијата на батеријата.
Со прилагодување на овие опции и деактивирање одлики во заднина, можете да го
користите уредот подолго помеѓу полнењата:
•
Кога не го користите уредот, префрлете на режим на спиење со притискање на копчето
за вклучување/ресетирање/исклучување.
•
Затворете ги непотребните апликации со уредувачот на задачи.
•
Деактивирајте ја одликата Bluetooth.
•
Деактивирајте ја одликата Wi-Fi.
•
Деактивирајте го автоматското синхронизирање на апликации.
•
Деактивирајте го времето на исклучување на заднинското светло.
•
Намалете го интензитетот на светлина на екранот.
Вметнување мемориска картичка
Вашиот уред прифаќа мемориски картички со максимален капацитет од 64 GB. Во зависност
од производителот и типот на мемориската картичка, некои мемориски картички може да не
бидат компатибилни со Вашиот уред.
•
Некои мемориски картички може да не бидат целосно компатибилни со
уредот. Користењето некомпатибилна мемориска картичка може да доведе
до оштетување на уредот или на мемориската картичка, и може да ги оштети
податоците зачувани на картичката.
•
Внимавајте мемориската картичка треба да ја вметнете со правилната страна
нагоре.
•
Уредот поддржува само FAT-структура фајлови за мемориски картички. Доколку
вметнете картичка форматирана со различна структура фајлови, уредот може да
побара преформатирање на мемориската картичка.
•
Честото снимање и бришење податоци го скратува работниот век на мемориските
картички.
•
Кога вметнувате мемориска картичка во уредот, директориумот со фајлови на
мемориската картичка се појавува во папката
SD memory card
.
Komentáře k této Příručce