
Опции
117
Јазик и внесување
Променете ги нагодувањата за внесување текст. Некои опции може да не бидат достапни во
зависност од избраниот јазик.
Јазик
Изберете јазик на екран за сите менија и апликации.
Основно
Изберете стандарден тип тастатура за внесување текст.
Тастатура Samsung
За промена на нагодувањата за тастатурата Samsung, допрете .
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од регионот или операторот.
•
Работни јазици
: Изберете јазик за внесување текст.
•
Предвидување текст
: Активирајте го режимот за предвидлив текст за предвидување
зборови на основа на Вашето внесување и приказ на предлози за зборови. Исто така,
може да ги прилагодите нагодувањата за предвидување текст.
•
Автоматска замена
: Поставете уредот да врши корекција на погрешно напишани и
нецелосни зборови со допирање на копчето за празно место или за интерпункциски
знак.
•
Автоматска прва голема буква
: Поставете го уредот автоматски да ја поставува
првата буква голема по краен интерпункциски знак, како што е: точка, прашалник или
извичник.
•
Автоматски празни места
: Поставете уредот автоматски да поставува празно место
помеѓу зборовите.
•
Автоматска интерпункција
: Поставете го уредот да внесува точка кога допирате двојно
на кочето за празно место.
•
Ништо
: Поставете го уредот да ја деактивира одликата за лизгање преку тастатура.
•
Постојано внесување
: Поставете уредот да внесува текст со лизгање преку тастатура.
•
Контрола на покажувачот
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за паметна
тастатура за навигација на покажувачот со лизгање преку тастатура.
Komentáře k této Příručce