
Основни информации
30
Користење на Мултипрозорецот
За да го прикажете панелот со повеќе прозорци, допрете и задржете . На левата страна на
екранот се појавува панелот Multi Window. Изберете една апликација и потоа одвлечете нова
апликација до нова локација. Може истовремено да ја активирате истата апликација на двата
прозорца. За да го сокриете панелот на мултипрозорецот, повторно допрете и задржете .
Повлечете го лево или десно кругот меѓу панелите со апликации за да ја нагодите
големината на панелите.
Допрете ја дршката на панелот за да го сокриете или прикажете. Кога панелот е отворен,
допрете ја и задржете ја дршката и влечете ја до левиот или десниот раб на екранот за да го
преместите панелот. Кога панелот е сокриен, допрете ја и задржете ја рачката и влечете ја
нагоре или надолу за поместување на рачката.
Користење апликации од Мултипрозорецот
Кога користите апликации со Multi Window, изберете панел со апликација, допрете на кругот
меѓу панелите со апликации и користете едно од следново:
•
: Отворање листа на неодамна користени апликации во левиот или десниот
прозорец.
•
: Променете ја локацијата на апликациите во Мултипрозорецот.
•
: Споделете ги ставките меѓу прозорците на апликациите. Влечете ставка за да ја
споделите од еден прозорец во друг. Одредени апликации не ја подржуваат оваа
одлика.
•
: Затворете ја апликацијата.
Komentáře k této Příručce